| Светскиот ден на борбата против гладта во нашето училиште беше одбележан со повеќе активности, при што акцентот беше ставен на истакнување на важноста на храната и нејзината застапеност насекаде и за сите луѓе во светот. Особено беше истакнато значењето на здравата храна, а во тој контекст, учениците од V-1 и V-2 одделение уживаа во подготовка и дегустирање на здрав оброк, поточно овошна салата. |

















