Skip to main content
Дома
ООУ КИРИЛ И МЕТОДИЈ
  • Дома
  • Нова страна
  1. Дома

10 Декември - Меѓународен ден на човековите права

Ојавено Пет, 10/12/2021 - 4:42pm

Го одбележуваме 10 Декември - Меѓународниот ден на човековите права. На овој ден во 1948 година, од Организацијата на Обединетите Нации е донесена Универзалната декларација за човековите права, која за првпат во историјата се однесува на сите луѓе во светот без оглед на пол, возраст, етничка, верска, политичка и каква било припадност. Таа претставува основа за сите останати документи за човекови права. "Сите луѓе се раѓаат слободни и еднакви во своите права" е реченицата со која ја започнавме денешната дискусија со претставниците од Ученичкиот парламент на ООУ "Кирил и Методиј" Стајковци. Дискутиравме за булингот, како специфичен вид насилство, кој е тема на нашиот меѓународен проект. Љубезноста кон другите е тема која ја дискутиравме на денешната работилница.
Настани
  • ◀◀
  • Следна ➤

Powered by Makdomen